Во ЕУ пет, во Македонија има 4,2 болнички кревети на 1 000 жители

Од:

На ниво на ЕУ на 1 000 жители во просек има пет болнички кревети. Најмногу имаат Германија и Бугарија со над седум, а најмалку Шведска и Данска со под 2.5 кревети на 1 000 жители.

Нашата земја со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е некаде во средина. Од регионот Србија има 5,6 болнички кревети на 1 000 жители, по што следи Црна Гора со 3,9 и Албанија 2,8 – во 2013 година, за кога има последен пат податоци.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2008 до 2018 година во нашата земја има раст на бројот на лекари, но пад на бројот на болнички постели на 1 000 жители.

Бројот на лекари во 2018 изнесува 6 364, од кои 3 831 специјалист. Со тоа бројот на лекари на 1 000 жители изнесува 3,1, што е раст во однос на 2008 година, кога имало 2,6. Ние, според податоците на намалување на бројот на болнички постели во споредба со пред десет години, од 4,5 на 1 000 жители во 2008, на 4,2 во 2018 година, покажуваат податоците на ДЗС.

На ниво на ЕУ просекот на болнички кревети изнесува 5 на 1 000 жители, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Над 7 болнички кревети во ЕУ во 2018 имале Бугарија – 7,5, Австрија – 7,2 и Унгарија – 7, додека Германија во 2017, за кога има последно податоци е рекордер во ЕУ со 8 болнички кревети на 1 000 жители. На другиот крај од скалата се Данска со 2,4, Италија – 3,1 и Грција со 4,1 билнички кревет на 1 000 жители.

На ниво на ЕУ најмногу доктори на 1 000 жители има Грција – 6, по што следат Австрија со 5,2 и Норвешка со 4,8, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Германија има 4,3, додека Шпанија – 4 и Италија – 3,9. На другиот крај од скалата се Велика Британија со 2,8, Романија со 3 и Франција со 3,1 доктор на 1 000 жители во 2018 година.

Во регионот со најмногу доктори, по Грција следува Бугарија со 4,2, Хрватска со 3,4, Словенија со 3,1, Србија со 2,9 и Црна Гора со 2,8 доктори на 1 000 жители. За Косово нема податоци, додека Албанија има 1,2 во 2013 година, за кога последно има податоци.

Би можело да ве интересира

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти

МЗ: Значително унапредена раната детекција на најчестите малигни заболувања