Во ЕП усвоена Резолуцијата за Македонија со препорака да се отворат пристапните преговори

Од:

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), попладнево со 38 гласа за и 13 против ја усвои Резолуцијата за Република Македонија во однос на прогрес-извештајот на Европската комисија од октомври минатата година.

Како што јавува дописникот на МИА, главна порака од оваа Резолуција е таа до Европскиот совет без одложување да ги отвори пристапните преговори со земјата, но за жал во некои од комрпмисните амандмани што влетаа во последен момент има и негативни пораки за македонското општество, пред се во односот со Бугарија.

Па, така, првиот компромисен амадман е она што најмногу ни одговара, а во него се вели дека Европскиот парламент жали што четврта година по ред Советот одлучува да не ја следи препораката на Европската комисија и на последниот состанок на 11 декември 2012 година не ги отвори пристапните преговори.

– Сепак, ЕП верува дека заклучоците на Европскиот совет едногласно одобри распоред поврзан со Специјалниот извештај на Европската комисија, признавајќи ја важноста од прогресот во клучни области што беа драфтирани во заклучоците на декемврискиот совет на ЕС. Му честитаме на комесарот за проширување за иницијативите и го повикуваме во претстојниот извештај да вклучи оценка на чинењето од непроширувањето, вклучувајќи голем ризик за земјата во случај на продолжување на оваа статус-кво ситуација, се вели во амадманот каде на крајот се повикува и Ирското претседатлство со Европската унија да превземе интензивна дипломатија за да се оствари задоволувачки исход во однос на одлука на Советот за отворање на преговорите пред крајот на јуни.

Понатаму, во вториот компромисен амадман се потенцира важноста од добрососедски односи како есенцијален столб од процесот на пристапување во ЕУ, поздравувајќи ја целосната отворена улога на земјата во односите со соседните земји. Притоа се охрабрува продолжувањето на дипломатската размена што веќе се превзема меѓу Атина, Софија и Скопје и се истакнува важноста сите страни да демонстрираат соодветна посветеност во добрососедството базирано на пријателство, вземна почит, конструктивен дијалог и вистинска желба за разрешување на недоразбирањата и да се надмине непријателството.

– Да се избегнат гестови, изјави и акции што би можеле да имаат негативно влијание на добрососедските односи и ги поздравуваме состаноците меѓу владите на Скопје и Софија и можноста за потпишување на договор меѓу двете земји. Го повикуваме еврокомесарот да посвети посебно внимание во неговиот извештај на прашањето на добрососедството и бараме поголема социо-културна соработка со цел зацврстување на врските меѓу народите во регионот, се наведува во овој амадман.

Во третиот комромисен амадман се вели дека ЕП силно верува дека почетокот на преговорите би биле пресвртница и ќе донесе позитивен импулс и ефективен инструмент за понатамошни реформи, ќе ја поправи домашната ситуација и ќе го олесни меѓуетничкиот дијалог и ќе промовира поволни односи со соседите.

Во врска со Пристапниот дијалог на високо ниво (АФЕТ) во Резолуцијата се споменува дека “ХЛАД-от е важен инструмент за разбивање на долготрајниот ќор-сокак и вселување на динамика во пристапувањето кон Унијата“, при што се поздравува прогресот во 75 отсто од политичките области. Притоа, ЕП ја повторува важноста од целосна и неповратна имплементација и дека ХЛАД-от не е замена за пристапни преговори, при што се повикува Советот да побара од Комисијата да го почне т.н. скрининг-процес што е можно побрзо со цел понатамошен напредок.

Во петтиот компромисен амадман се поздравува одмрзнувањето на домашните политички случувања и дека актуелниот договор ќе дозволи понатамошен прогрес во пристапувањето кон ЕУ во однос дискусиите на Европскиот совет. Притоа се повикуваат сите партии во земјата да продолжат со политичкиот дијалог и повикува на потребата од општа поддршка во земјата во остварувањето на ЕУ-агендата.

– Парламентот е клучна демократска институција за дискусија и решавање на политички недоразбирања и сите партии треба да се однесуваат во овој дух, почитувајќи ги неговите дмеократски вредности и се поздравуваат сите иницијативи, пред се, онаа за Комисија за разрешување на настаните од 24 декември 2012 година, за градење на авторитетен, независен и легитимен парламент за да се спречат такви инциденти во иднина, се наведува во овој амадман, каде на крајот се потенцира дека ЕП жали за исфрлувањето на новинарите од собраниската сала на 24 декември и повикува на продолжување на дијалогот меѓу Владтаа и Здружението на новинари (ЗНМ).

Во компромисниот амадман 6, ЕП изразува загриженост од етничките тензии што пораснаа годинава, верувајќи дека засилен политички дијалог е есенцијален за понатамошен прогрес во мирно мултиетничко, мултикултурно општество и елминирање на ризик од поларизација на општеството по етнички линии.

Во тој поглед и во компромисниот амандман 7 се вели дека мултиетничноста би напредувала со учење на вредностите на различностите низ едукативен систем и се поздравува владиниот проект за мултиетничко образование како она во Куманово.

Најпроблематичен за нас, а очигледен успех на бугарските европратеници во Европскиот парламент е усвојувањето на компромисниот амадман 8, каде се вели дека “ЕП силно ги храбри властите и граѓанското општество да превземат соодветни мерки за историско помирување со цел да се надмине поделбата меѓу различните етнички и национални групи, вклучувајќи ги и оние со бугарски идентитет“. Во овој амадман се додава дека “ЕП охрабрува воведување на заеднички експерти комитет за историја и образование со цел постигнување на објективна и фактичка интерпретација на историјата, засилување на академската соработка и промовирање на позитивен став на младите кон нивните соседи“.

Притоа, ЕП ги повикува властите во Македонија “да воведат образовни материјали ослободени од идеолошка интерпретација на историјата и подобрување на заедничкото разбирање“. Во продолжението на овој проблематичен амндман се вели: – Се нотира со загриженост феноменот за антиквизација и убедени сме дека културата и уметноста треба да се користат за зближување на луѓето и бараме владата да испрати јасен сигнал до јавноста и медиумите дека дискриминацијата на база на национален идентитет не се толерира во земјата, вклучувајќи односи во правниот систем, медиумите, вработувањето и социјалната заедница, стабилноста и европската интеграција на земјата, се наведува во овој амадман.

Во продолжението од останатите компромисни амандмани се жали за неспособноста да се реши спорот за името со поддршка на преговорите под капата на Обединетите нации, но и повикот на комесарот Филе за трилатерални состаноци.

Се бара усвојвуање на препораките на ОБСЕ за изборниот законик, продолжување на спроведување на независно судство, борба против корупцијата, се поздравува декриминализацијата на навредата и клеветата, се бара властите да ги осудат нападите на ЛГБТ популацијата.

Известувачот Ховит наведе дека тој, заедно со неговиот колега Јержи Бузек и комесарот Филе успеале да ја решат политичката криза во Скопје минатиот месец, по настаните на 24 декември и тој посочи дека АФЕТ донел правилна одлука за одложување на гласањето за денеска со цел да го олабави притисокот на земјата.

– Како дел од тој договор денеска гласаме за Резолуциајта во конструктивна и позитивна рамка што е клучна работа. Втората рунда од локалните избори во земајта беше вчера и сите го видовме прелиминарниот извештај на ОБСЕ. Во очекување на извештајот на Европската комисија идната недела, верувам дека сите заедно ќе испратиме силен глас до Европскиот совет, посочи Ховит, кој за ова доби честитки од своите колеги, освен од грчкиот пратеник Јоргос Кумуцакос, кој се пожали на тоа што АФЕТ го одложил гласањето, што било преседан и не се сакало со тоа, според него да се прикажат реалните работи кои се лоши во земјата.

За резолуцијата треба да се гласа и на пленарна седница на Европскиот парламент што ќе биде само формалност.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија