Во една фарма во струшко Лабуништа евидентирана болеста „син јазик“

Од:

Советниците од подрачната едница на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Струга евидентираа една фарма во струшкото село Лабуништа во која се појавиле симптоми на болеста „син јазик“.

Според советникот за организација во работната единица на Агенцијата Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, согласно препораките произлезени од Кризниот штаб на Владата на Република Македонија, советниците будно ја следат состојбата каде што се појавиле симптоми кои укажуваат на оваа болест кај добитокот.

Фармата во Лабуништа била посетена од страна на стручните лица завчера, а посетите ќе продолжат и во текото на наредните две седмици.

– На одгледувачот на овци му се дадени основни препораки за заштита од болеста. Информиран е дека шталата треба да се исчисти од простирка и ѓубре со цел да биде подготвена за дезинсекција и дека стручните служби ќе бидат ангажирани за дезинсекција на шталите. Му укажавме дека секое животно треба да биде истрижано вдолж ‘рбетниот столб со цел да биде подготвено за третирање. Исто така, фармерот е информиран дека стручните служби ќе вршат репелентно третирање на секое животно поединечно, а тој доби и материјал во вид на брошура со подетални информации за болеста „син јазик“, вели Калајџиеска Бебекоска.

Како што додава таа, кај фармерот при посетите било констатирано дека во објектот во шталата каде што биле сместени овците, веќе се преземени дел од мерките.

Советниците од подрачното одделение на Агенцијата за земјоделство во Струга, за болеста „син јазик“ ги информирале и другите одгледувачи на добиток во Лабуништа, зашто освен овците, таа ги напаѓа и говедата и козите.

– Во Лабуништа има и други фармери на кои им се дадени истите препораки, односно да ја следат состојбата во своето стадо и доколку забележат некои од симптомите, да пријават кај овластениот ветеринар, а во меѓувреме да преземат превентивни мерки како што се чистење и дезинфекција на шталата, потенцира Слаѓана Калајџиеска Бебекоска од подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Струга.

Би можело да ве интересира

Овчар со стадо овци останал заробен среде вода откако надошла Црна Река во Тиквешко

Орце Костов

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Овци пасат на главниот булевар во Дебар, општински инспектор излезе на терен

Орце Костов

Полицијата пронајде 40 овци во стан во Франција

Воз усмрти 30 овци

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија