А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во државната кардиохирургија досега се направени 36 интервенции

by А1он29/01/2015 - 18:51118
Share0

Државната кардиохирургија направи една година од основањето и ги даде планираните и очекуваните резултати. Амбулантата на Клиниката работи со закажување во системот мој термин и досега се извршени околу 100 прегледи. Покрај амбулантата во полна функција е извршувањето на кардиохируршките интервенции, истакна заменик министерот за здравство Јовица Андовски одговарајќи на пратеничко прашање.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Досега има изработено, заклучно со вчера, 36 кардиохируршки интервенции успешни операции и има над 10 пациенти коишто конзервативно се третирани. Кај дел од овие пациенти се направени исклучително интервенции кои првенствено се значајни за здравјето на пациентите и враќањето на нивната нормална работоспособност. Сите се успешно оперирани со уреден постоперативен тек, рече Антовски и додаде дека за 2015 годна се предвидува во Клиниката да се изведат 150 кардиохируршки операции, а во план е да се отпочне оваа година со васкуларна хирургија.

Информираше дека во план е со градежниот дел да се заврши до средината на месец февруари оваа година и дека ќе биде поставена целосно опремата која што е веќе набавена.

– Досега се вработени 41 здравствен работник и соработник, како и административно технички работници. Едукација на здравствени работници се одвива во континуитет и тоа во соработка со реномирани меѓународно признати кардиохируршки центри како што е кардиохируршкиот центар во Рим, во Швајцарија, во Србија.., истакна Андовски.

Следете a1on на Youtube YouTube
zdravstvo

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:51

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:3301/10/2026 - 15:13

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 14:07

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:3714/09/2026 - 13:24

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 09:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео