Во Драчево изградени над три километри канализација

Од:

За четири години во населбата Драчево изградена е 3.340 метри фекална и атмосферска канализација, соопштија од општина Кисела Вода.

– Од капиталните проекти на Општина Кисела Вода, во поглед на изградба на атмосферска канализација треба да се издвои изградбата на примарната атмосферска мрежа на дел од улицата „Жарко Зрењанин“ и дел од улицата „Коперникова“. Проектот беше реализиран во три фази, од кои втората и третата се реализаираа во последните четири години. Втората фаза опфати поставување на армирано бетонски цевки во вкупна должина од 395 метри, а беа поставени и сливници, информираат од опшината.

Од општината најавуваат дека и натаму ќе продолжат со активности за изградба на решавање на проблемот со атмосферските и фекалните води.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

МВР: Уапсен е разбојник по извршување на кражба во Драчево

Насилници во Драчево нападнале маж и тројца малолетници

ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево

Опожарени две бараки во Драчево

Горан Наумовски

Гласна музика во поликлиниката во Драчево, се славело пензионирање на колега: Директорот Селими најави санкции

A1on