Во Драч отворен Конзулат на Република Македонија

Од:

Во најголемиот албански пристанишен град, Драч, од вчера функционира почесен Kонзулат на Република Македонија.

Објектот во кој е сместен почесниот Конзулат се наоѓа во центарот на градот, а како што информираат од Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, почесен конзул е Александар Пило.

– Македонските граѓани и Македонците во Република Албанија добија уште еден центар во Република Алабанија каде можат да се обратат за сите евентуални прашања или проблеми кои ги засегаат. Гордо се вее македонското знаме во Драч, наведуваат од Македонско друштво „Илинден“ – Тирана.

Конзулатот го отвори амбасадорот Веле Трпевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски