А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Долнени земјоделците пријавуваат штети од невремето во понеделникот

by А1он13/09/2017 - 15:58194
Share0

Во Долнени до утре трае пријавувањето на штети од невремето што ја зафати Општината во понеделникот вечерта околу 20 часот.

Добивај вести на вибер

Според првичните информации невремето проследено со дожд, град и силен ветер ги зафати атарите на десетина села и како што објаснува градоначалникот Боше Милошески главно, најголеми штети, речиси 100 отсто има кај тутунот, зафатени се градинарските култури и бостанот, пченката, сончогледот.

– Силното невреме што ја зафати општината околу 20 часот во понеделникот вечерта ги зафати земјоделските површини. Штети има во атарите на десетина села меѓу кои: Сенокос, Заполжани, Дреновци, Дупјачани, мало Мраморани. Зафатени се според првичните процени, над 800 хектари. Комисијата за процена на штети излезе на терен, а до утре земјоделците може да ги пријавуваат штетите, вели Милошески.

Земјоделците потврдуваат дека најголеми се штетите кај тутунот кој е во завршните, најквалитетни берби. На дел од површини останати се само стебленцата, празните стракови. Според земјоделците најголем дел од површините не се осигурани.

nevremezemjodelci

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он08/01/2026 - 17:54

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани

Горан Наумовски26/12/2025 - 21:50

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:47

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:45

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он30/08/2025 - 17:2530/08/2025 - 19:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен