Во Дојран победи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Стамов

Од:

Градоначалник на општина Дојран во наредните четири години ќе биде Борче Стамов, кандидат на локалните избори од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според резултатите од Општинската изборна комисија за Стамов гласале 1.278 избирачи  од 2.296 колку што излегле на гласање на осумте избирачки места во општина Дојран. Процентот на излезност изнесува 83% од запишаните 2.757 гласачи.

Кандидатот на „Сојузот за иднината“ Никола Ајцев доби 941 глас, за Коста Гогов од СДУ гласале 26, а за Благој Кортов од СДСМ само пет гласачи.

Новиот совет на општина Дојран ќе биде составен од девет советници од кои шест од коалицијата „За подобра Македонија“ и тројца советници од коалицијата „Сојуз за иднината“.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?