Во Дневниот центар од Виница згрижени 16 деца со посебни потреби

Од:

Дневниот центар во Виница згрижува 16 деца со посебни потреби кои престојувајќи во Центарот секојдневно се социјализираат, но и се обучуваат во повеќе вештини за подоцна бидат корисни членови во заедницата.

Потпишаниот договор на компанијата „Макпрогрес“ од Виница и Црвениот крст на Република Македонија е од особена важност за работата и постењето на Дневниоте центар во општина Виница, бидејќи овој Центар ќе биде вклучен во проектот на Црвен крст на Виница и Црвен крст на Македонија.

– Потпишувањето на Договорот со Црвениот крст на Македонија за нас како Центар е од особено значење, бидејќи ќе бидеме вклучени во заедно во проект за спроведување на заеднички иницијативи, креативни работилници, организирање на рекреативни активности, едукација за деца и родителите на децата, изјави Зорка Коцева, раководител на Дневен центар Виница.

Освен Дневниот центар од Виница во овој прокет ќе бидат вклучени и дневните центри од Куманово, Струмица и Штип, во кои се згрижени 80 деца со посебни потреби.

Според директорката Коцева, првата активност на Дневниот центар и Црвен крст Виница е закажана за 16 јуни во Виница кога ќе се одржи едукативна работилница за волонтери на Црвениот крст кои ќе реализираат активности заедно со децата во дневните центри.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени