Во ДИК пријавени 540 македонски граѓани од странство

Од:

Заклучно со денеска до 14 часот, вкупно 540 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ја искористиле можноста за пријавување преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за гласање за претстојните предвремени избори.

Како што соопшти ДИК, вкупно 217 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а 304 пријави се во фаза на обработка.

Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Пријавувањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно во конзуларните канцеларии, ќе трае до 11 ноември 2016 година.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште