Во девет сообраќајки во Скопје 11 повредени

Од:

Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје изврши увид во девет сообраќајни незгоди од кои во две со тешки повреди се здобиле по еден патник и возач на мотоцикл,  во шест полесно се повредени тројца возачи на патнички моторни возила, двајца сопатници, тројца пешаци и еден возач на мопед, а една е само со материјална штета.

Првата незгода со потешки последици се случила во 11 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес кај село Јурумлери и локалниот пат Долно Лисиче во која учествувал автобус со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Возачот на автобусот реагирал нагло на сопирачките за да избегне сообраќајна незгода со друго возило, при што патник, жител на село Кадино, паднал на подот во автобусот и се здобил со тешки телесни повреди.

Втората потешка незгода се случила во 12 часот и 30 минути на булеварот „Илинден“ во која учествувал мотоцикл со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Тој од непознати причини изгубил контрола над моторот, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 22 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 12 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и осум возачи кои непрописно ги паркирале возилата на автобуските стојалишта, во зона на крстосница и на обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 59 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои со возилата непрописно се престроиле пред крстосница, кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во врска со сообраќајната култура на децата од предучилишна возраст во детската градинка „Кочо Рацин“, објектот „Панорама“ и објектот „Бели мугри“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Центар.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Сообраќајка на автопатот Велес-Градско, повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

Најмалку три лица загинаа, а 18 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Италија

Горан Наумовски

Дебранец со четирицикл удрил во паркиран трактор, се здобил со тешки телесни повреди