А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во денешната вонредна крводарителска акција во Велес собрани 63 крвни единици

by А1он15/04/2020 - 16:5115/04/2020 - 17:21433
Share0

На денешната вонредна акција за доброволно дарување крв во Ликовниот салон во Велес беа собрани 63 крвни единици од хумани велешки крводарители.Се почитувале сите мерки на заштита и од страна на организаторите и од страна на крводарителите , информира за МИА Орце Николов секретар на општинскиот Црвен крст, а кој акцијата ја организира во соработка со екипи на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје под водство на д-р Кирил Лазов.
Николов информира дека меѓу крводарителите 48 биле мажи, а 15 жени, а еден за првпат дарувал крв.

Добивај вести на вибер

Инаку, за денешната акција за крводарување имало пријавени над 70, но некои од нив со одлука на здравствениот тим по извршените прегледи денеска сепак не можеле да даруваат крв.

Николов информира дека најголем дел од дарителите, 45, се пријавиле телефонски кај него за добивање термин за крводарување, но кај нив потоа дополнително се јавиле над 25 граѓани, кои потоа дополнителни биле вклучени со термини за крводарување.

Имено, оваа е втора годинашна акција за крводарување со граѓаните на Велес која ја организира велешкиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Истата беше вонредна затоа што поради состојбата со коронавирус сè помалку граѓани се решаваат да даруваат крв во Станицата за трансфузиологија во Велес, која се наоѓа во кругот на велешката болница.

  • Со денешиот одличен одзив, велешките крводарители покажаа дека и понатаму остануваат хумани, со години се меѓу најдобрите на планот крводарители во земјава, а во 2019 и во 2018 со право беа на првото место со натфрлен годишен план за крводарување, потсети Николов.
krvodaritelska akcijaveles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен