Во делчевската детска градинка изолирани тројца вработени по појавата на Ковид-19

Од:

Тројца вработени во детската градинка „Весели Цветови“ во Делчево се изолирани, откако кај дел од персоналот е регистрирано присуство на вирусот Ковид-19. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, станува збор за надворешни случаи, поради што се преземени сите мерки за спречување на ширење на заразата.

-Сакам да истакнам дека позитивните случаи кои што ги имаме во градинката, не доаѓаат од внатре. Значи тоа се надворешни случаи. Во меѓувреме излегоа наодите и на трите негувателки кои беа тестирани, останатиот персонал кој што беше тестиран меѓу кои и тројца вработени кои се исто така негативни. Сега за сега имаме еден готвач, еден помошник готвач, една негувателка и група од 12 дечиња, кои се изолирани, рече Симовска.

Симовска додаде дека работата на градинката продолжува, согласно сите протоколи кои ги налага ваквата ситуација.

-Во време на светска пандемија, предизвикот да раководиш со ваква установа е навистина преголем, заради што сакам да упатам јавна благодарност до сите мои вработени, до сите родители и до сите кои се вклучени во движењето на овој систем од предучилишно воспитание и образование. Никој не знае дали го носи вирусот и дали може да добие нешто од тоа, меѓутоа нека нема лоши работи и сите да бидеме живи и здрави, додаде Симовска.

Освен протоколите од Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заразни болести, во насока на поголема заштита од вирусот, градинката како што додаде директорката има изготвено и свои посебни протоколи, се со цел спречување на ширење на заразата од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски