Во Дебарско електронски здравствени картички подигнале 80% од осигурениците

Од:

Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, информира дека електронски здравствени картички подигнале 80 насто од вкупниот број осигуреници.

– Во евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување, се наоѓаат на 19 илјади осигуреници од двете општини Дебар и Центар Жупа. Од вкупниот број 80 насто или над 15 илјади се обезбедени со здравствени картички и тие непречено ги користат. Останатиот процент отпаѓа на оние кои се уште не ги подигнале, или 10 насто, додека ист процент осигуреници не доставиле барање да им се изготви електронска здравствена картичка, изјави Јулијета Марку, раководителката на Подрачната служба на Фондот за здравство во Дебар.

Според Марку, подигнувањето на електронските здравствени картички се врши на шалтерите во подрачната служба, што подразбира дека осигуреникот може секој работен ден истата и да ја подигне или да добие информација дали неговата и картичката на членовите на неговото семејство е изработена.

– Она што треба да се нагласи е секако и измената која важи од почетокот на февруари минатата година од кога сите деца до 3 годишна возраст, немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ги остварува преку еден од родителите, нагласува Марку.

Таа потсетува дека рокот на важност на картичката е пет години, по што истата треба да се замени со нова.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он