Во Дебар запленети 20 килограми марихуана, приведени македонски и тројца албански државјани

Од:

Дваесет килограми марихуана пронајде полицијата во Дебар, а четири лица, еден македонски и тројца албански државјани се приведени.

Полициските службеници синоќа во 23 часот на улица „Александар Илиќ“ во Дебар, при контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово пронашле две торби со 20 килограми марихуана.

Д.А. е приведен во Полициската станица Дебар.

Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), исто така албански државјани.

Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ