Во Дебар се помалку бракови

Од:

Во континуитет последните години, во Дебар, се помал е бројот на склучените бракови. Лани се регистрирани 103 бракови што е за дваесет помалку споредено со претходната година, додека со пред една или две децени и не може да се споредува.

Според лицата кои се непосредно вклучени во склучувањето на граѓанските бракови, порано имало и по повеќе од 300 бракови годишно.

Причините се најразлични, но главната е секако масовната миграција.

– Миграцијата ги однесе младите во белиот свет. Порано отидените, возрасни мажи си ги зедоа семејствата таму. Децата растат и таму создаваат семејства.Порано тука доаѓаа и правеа свадби и нормално се венчаваа.Сега тоа се прави се поретко. Наместо нашинците да дојдат тука, сега малкуте роднини што се останати тука заминуваат во САД или низ европсите земји, вели Илми Франгу советник на општина Дебар, кој како советник- делегат при склучување бракови е присутен  шест години.

Од почетокот на годинава ргистрирани се седум бракови. Последно судбоносното „да“ го кажале Фаланза Коруми и  Фатљум Марке.

– Секој четврток во неделата е резервиран за бракови,но некогаш ги нема и тој ден. Во периодот на летото бракови селучуваме  во други денови врз снова на договор со делегатот и матичната служба.Се помалиот број на бракови е последица на масовната миграција не само во САД и западно европските земји туку и во други градови во Мскедониј, како и во Косово и Албанија, истакна Афрдита Шахини одговрона за ова прашање во општината.

По изградбата на новата општинска зграда во неа има посебна просторија, убаво украсена, која е одредена за свечениот чин на склучување граѓански брак, со што се надмина долгогодишниот  проблем со недостиг на соодветна просторија за тоа.

Инаку, во САД се над 16 илјади дебрани, додека осум илјади во  западно европските земји,пред се во Италија и Германија.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион