Во Дебар одржана инфо-сесија за правата и обврските од законот за работни односи

Од:

Во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, денеска во Дебар одржана беше деветтата инфо-0сесија на тема „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“.

Настанот овозможи интерактивна дискусија и размена на искуства помеѓу сите учесници, со цел да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на законска имплементација и изнаоѓање соодветни решенија.

Овој информативен настан ги посочува одредбите што во пракса се покажуваат проблематични за примена, различно се интерпретираат и не кореспондираат со современите потреби на работниот процес.

Потребно е да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со другите прописи.

Настанот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни.

Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ-ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија.

Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар