Во Дебар нема новозаразени, мерките и препораките строго се почитуваат

Од:

Во последното деноноќие во Дебар не се регистрирани ново заразените со Ковид-19,информираше општинскиот Оперативен штаб.

– Според лабораториски резултати за денеска, Дебар нема нови случаи заразени со Ковид-19. Почитувајте ги препораките сеуште не е крај, пишува на објавата на профилот на штабот на Фејсбук.

Ова е втор ден по ред како нема новозаразени, по двата случаи кои беа потврдени во четвртокот, откако немаше новозаразени 12 дена.

Вкупната бројка на заразени е 51 лице од нив две лица од Општина Центар Жупа. Над 60 отсто од нив се оздравени, додека четири лица починаа,од кои три лица од Дебар и едно од Центар Жупа.

Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини е стабилна.

-Во периодот од 07:00 часот на 17.04. до 07:00 часот на 18.04.2020 година, на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар,нема прекршувања на забраната за движење.Исто така не се регистрирани кражби, нарушувања на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Информираше дека на ова подрачје извршени се 102 контроли на лица кои се под мерките здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

Врз основа на одлука на општинскиот Оперативен штаб волонтерите на дебарскиот Црвен крст продолжуваат да даваат помош-услуга за најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни. Од вчера попладне до денеска до 14 часот извршиле услуга на десет семејства.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски