Во Дебар излезеноста 22,8 отсто, a во Центар Жупа 38,3 отсто

Од:

Изборниот тек во општините Дебар и Центар Жупа минува без никакви проблеми и споредено со утринските часови излезеноста се зголемува, потврдуваат од Општинсите изборни комисии.

Според Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија во Дебар до 13 часот своето граѓанско право го искористиле 3.863 гласачи или 22,8 отсто.

Во оваа општина, во единствениот избирачки список запишани се 16.948 граѓани со право на глас, а се гласа на 24 избирачки места.

Во општина Центар Жупа, според Шефко Јусуф, гласале 2.416 гласачи или 38,3 отсто.
Во единствениот избирачки список во општината запишани се 6.030 гласачи, а се гласа на 15 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?