А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во четврток истекува рокот за барања за легализација на дивоградби

by А1он28/03/2016 - 08:46206
Share0

Пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби истекува во четврток.

Добивај вести на вибер

Со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти се овозможи да се поднесе барање за легализација до 31-ви овој месец до општините каде е изграден објектот. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. За новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.

Барања за легализација до четврток ќе може да поднесат и компаниите што имаат инфраструктурни објекти, оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура.

Согласно законските измени, за до крајот на годинава е пролонгиран рокот за доставување геодетски елаборати за барањата за легализација поднесени во 2011 година. Со тоа, според Министерството за транспорт и врски, би се комплетирала документацијата и општините ќе може да ги решат предметите.

Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година беше направено со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми полесно да ја вршат работата бидејќи со претходниот рок немаат доволно време да ги изработат сите поднесени барања.

Сеуште трае и можноста за социјално ранливите категории да добијат бесплатни елаборати. Како што информира викендот министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во отчетот за сработеното, досега се изработени 5.300 бесплатни елаборати за социјални ранливи граѓани.Од почетокот на процесот на легализација што почна во 2011 година досега правен статус добија 147.000 нелегално изградени објекти.

Во претходниот рок, од 2 март до 3 септември 2011 година, беа доставени 360.000 барања за легализација на дивогради.

divogradbi

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 16:06

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Катерина Ѓуровски16/07/2025 - 13:10

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 20:01

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 19:33

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 19:28

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 18:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен