А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во четири средни училишта ќе има квалификациско тестирање в понеделник

by А1он19/06/2020 - 21:59809
Share0

Во три средни училишта во Скопје, Струмица и Прилеп со здравствена струка за насоката медицинска сестра, како и во скопската гимназија „Орце Николов“ за билингвалните паралелки по англиски јазик се пријавиле повеќе ученици со максималниот број (75) бодови отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот за прва година во 2020/2021 година, соопштија од Министерството за образование и наука. Поради тоа, во четирите училишта в понеделник ќе се организира квалификациско тестирање од 10 часот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.

На 22 јуни на квалификациското тестирање за учениците што се пријавиле за оваа насока во трите училишта ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија на јазикот на кој тие ја следеле наставата во основното училиште.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во скопската гимназија „Орце Николов“ квалификациско ќе има во билингвалните паралелки по англиски јазик. Тестирање ќе има по предметот англиски јазик на 145 ученици пријавени со 75 бода затоа што според Конкурсот треба да се примат 136 во четири паралелки. И ова тестирање ќе биде в понеделник, 22 јуни, од 10 часот во училиштето.

Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а комисијата за организирање на квалификациското тестирање е формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта.

Средните училишта во земјава попладнево по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната 2020/2021 година, кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни, а во некои училишта пријавување имаше и денеска до 13 часот.

Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни.

obrazovanieupisi

Би можело да ве интересира

Почна уписот во средните училишта за учебната 2026/2027, најмногу слободни места за стручното образование

Горан Наумовски12/06/2026 - 11:01

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:49

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски19/01/2026 - 13:1419/01/2026 - 13:20

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Горан Наумовски02/01/2026 - 13:33

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео