Во четири општини во Струмичко поднесени 11 кандидатури за градоначалник и 8 листи за советници

Од:

Во четирите општини во Струмичкиот регион за претстојните локални избори кои треба да се одржат на 24. март има поднесено 11 кандидатури за градоначалници и вкупно 8 листи за советници.

Според Општинската изборна комисија во Струмица, за градоначалници се кандидирале: Васил Пишев од ВМРО- ДПМНЕ, Ристо Божијанов од СДП и Панчо Јанков од СДУ.

Листа за советници со др.Кирил Николов како носител, до полноќ доставила само партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Василево за градоначалничката функција на претстојните локални избори ќе се борат актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Стојанов,  Миле Јанакиев од СДП и Дончо Атанасов од СДУ.  Во Василево има поднесено и три советнички листи и тоа на партиите ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците во Македонија и една независна советничка листа од граѓани чиј што носител е Ајлин Алиманова.

Во општина Ново Село на изборите на 24. март граѓаните за иден градоначалник ќе избираат помеѓу Блажо Велков, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Драган Трајков од НДМ. За место во идниот совет на општина Ново Село се кандидирани советничката листа на НДМ,чиј носител е Цветан Павловски и листата од ВМРО-ДПМНЕ со Ленче Митева како носител на листата.

Општинската изборна комисија во Босилово, работи на верификување на кандидатските листи. Освен актуелниот градоначалник и кандидат Љупчо Колев има уште двајца кандидати за градоначалници, а се поднесени и две кандидатски листи за советници.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука