Во Чешиново-Облешево се градат набљудувачници за птици

Од:

Општина Чешиново-Облешево ќе добие наменски набљудувачници за птици, лоцирани во близина на селото Уларци, како и во паркот во Чешиново. Се работи за објекти од дрвена конструкција што се дел од проектот “Wet Meadows and Pastures“ финансиран од германската фондација Еуронатура.

Реализацијата на проектот е дел од напорите за заштита на белиот штрк, како една од помасовните еколошки активности што се реализира во повеќе европски земји од Медитеранот, меѓу кои и во Македонија.

Од локалната самоуправа на Чешиново-Облешево истакнуваат дека со поддршка од Еуронатура и од Македонското еколошко друштво беше добиен проект за заштита на шумите и пасиштата. Во активностите беа вклучени основните училишта, а целта беше да се подигне на јавната свест кај најмладите за заштита и поголема грижа кон птиците.

Инаку, општина Чешиново-Облешево пред пет години стана дел од Европската мрежа на село на штркот, со што оваа птица стана нејзино заштитно обележје.

Според официјалните податоци на Македонското еколошко друштво, кое работеше на посебно истражување, во општината има околу 80 штркови гнезда, при што е забележана тенденција на нивен пораст.

Би можело да ве интересира

Земјоделци од Чешиново-Облешево ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Ана Ололовска

Протест на жителите на Чифлик: Бараат чиста вода за пиење и канализација

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на Ковид-19, од утре почнува со работа

А1он

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

А1он

Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите општини што ќе го имплементираат Договорите за заштеда на енергија

А1он

Општина Чешиново-Облешево инвестира во изградба на улици во три населени места

Ана Ололовска