Општина Чешиново Облешево доби ИПА средства за два од три проекти со кои аплицираше до Министерството за финансии.
– Едниот проект вреден 2.053.767.00 денари, се однесува на обезбдување чиста вода за пиење во село Спанчево за што ќе се гради нов бунарски систем, додека за вториот Општината доби 2.199.393.00 денари кои ќе бидат наменети за уредување на улицата „Стојан Јакимов“ во село Теранци во должина од 400 метри. Се работи за два крака од улицата на која ќе бидат поставени бехатон плочки и која ќе биде со широчина од 3,5 метри и банкини, изјави градоначалникот Костадин Личков.
Според него, договорите за проектите се веќе потпишани.
Во неколку населени места во Општината се реализираат прокети од областа на комуналната сфера, пробивање полски патишта и тампонирање патни правци.