Во Чаир 152 активни случаи на Ковид-19, во Центар и во Карпош бројот на заболени расте

Од:

Општината Чаир со 152 активни случаи на коронавирус е на врвот на листата на општини во Скопје по најголем број заболени. Следуваат Бутел (59), Гази Баба (58), Аеродром (53) и Сарај (52).

Но, она што е евидентно е дека бројката на активни случаи во Центар, Карпош и Кисела Вода за само пет дена е порасната за четириесетина случаи.

Ако на 2 јуни во општината Центар имало само осум активни случаи, сега се 52. Во Карпош, на 2 јуни имаше 13 активни случаи на заболени од Ковид 19, а денешната бројка е 40. Во Кисела Вода имаше 12 случаи, а согласно денешните статистики, бројката е зголемена на 29.

Само во Скопје, за пет дена, бројот на активни случаи од коронавирус е зголемен за 339 случаи. Речиси и да нема општина каде бројот на заболени од Ковид-19 е намален.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски