Советот на општина Центар денешната седница ја започна со едноминутно молчење во знак на почит за Благоја Ангелковски.
“Почина градската легенда, кројачот Благоја Ангелковски. Неговиот кројачки дуќан беше препознатлив знак за Центар и за Скопје. На човекот што остави трага на нашето урбано живеење, му ја оддаваме почитта што ја заслужува“, рече претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Советниците поведоа иницијатива за подигнување на спомен-обележје на Ангелковски.