Во Центар доделени нови решенија за легализација

Од:

„Конечно свои на своето“, вака реагираа дел од жителите на општина Центар, кои по долги години ги добија решенијата за легализација на дивоградбите.

Дваесет и пет семејства од општина Центар конечно ги добија своите решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект.

„За сите вас, за жителите на Центар, вратите на општината се секогаш отворени. Слободно дојдете кога ви треба помош, кога имате идеи, бидејќи ние сме партнери во заложбата да обезбедиме поквалитетно живеење. Имаме заедничка цел да ја направиме нашата општина поубава, и да биде општина по Ваша мерка. Политичарите често забораваат дека се платени од народот и должни се да работат за нивно добро и просперитет. Овие решнија кои ги добивате денес носат сигурност за Вас и за Вашите деца“, рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Претходното општинско раководство реши 754 случаи, а од 2013, со доаѓањето на новото раководство, 2.366 објекти се лагализирани.

Со новиот продолжен рок за легализација, вкупно се доставени 6.500 барања, што значи бидејќи сме на половина и дека сме на добар пат да ги решиме сите барања на нашите сограѓани до крајниот рок до 2021 година, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории