Во Бутел започна големата акција за чистење на улиците во Скопје

Од:

Неколку стотици новоангажирани работници, покрај постоечките човечки ресурси и механизација на јавните претпријатија и скопските општини, денеска во општина Бутел ја започнаа големата генералка на Градот. Целта на оваа голема акција е чистење и миење на улиците од прашината која со години се таложи и претставува една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот.

Со оваа голема акција ќе бидат опфатени сите 10 општини во Скопје, каде чистењето и миењето на улици ќе се одвива во секоја општина по неколку денови, а доколку дозволат временските услови, се планира истата да заврши за 20-ина дена. По завршувањето на чистењето на улиците, работната активности ќе продолжат на кејот на реката Вардар.

За оваа акција Град Скопје ангажираше неколку стотини невработени лица кои се повикани во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Градот Скопје ги повикува и другите институции, бизнисите и здруженијата на граѓани, во рамките на своите можности, да се приклучат во акцијата и да помогнат во чистењето на улиците.

Би можело да ве интересира

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

Костовски: Општина Бутел ја распиша тендерската постапка за изградба на нова поликлиника

(ВИДЕО) Костовски: Ќе изградиме три нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

A1on