„Во Букурешт прифатив референдум за „Република Македонија (Скопје)“, а не име“

Од:

„Зошто дадовте зелено светло за предлогот „Република Македонија (Скопје)“ во Букурешт , а во 2005 година ја пропуштивте шансата, земјава да го зачувува уставното име Република Македонија и македонскиот јазик“, го праша пратеникот Јани Макрадули, премиерот Никола Груевски, на седницата за пратенички прашањата.

Макрадули му порача на Груевски дека ако е искрен и чесен, треба да излезе на телевизиски дуел со Црвенковски, па да ги разрешат сите отворени прашања околу името. Шефот на Илинденска број 2 води „калимеро“ надворешна политика, создавајќи впечаток во домашната јавност дека во светот нема правда, рече Макрадули.

„Како може да ти се смачи од НАТО и европските држави, кои се непринципиелни и не водат сметка за меѓународниот поредок, кога врз основа на истите принципи на двојни стандарди ги амнестираше хашките случаи? Почувствувавте ли мачнина во стомакот кога вашата пратеничка група ги амнестираше злосторствата против човештвото“, праша Макрадули.

„Пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година се согласивме предлогот на медијаторот Метју Нимиц, кој беше наречен конечен, да биде ставен на референдум доколку и Грција го прифати“, рече премиерот Никола Груевски.

Тоа, рече е согласност на граѓаните да им се даде можност да се изјаснат дали е добар и прифатлив овој предлог, или не е добар и прифатлив – рече Груевски, објаснувајќи дека предлогот од 2005 година го одбил, зашто тоа веќе го сторила Атина и содржел проблематични елементи во однос на македонскиот национален идентитет.

Груевски ги обвини СДСМ дека имаат историска одговорност поради тоа што во нивно време државава ја прифатила референцата БЈРМ или ФИРОМ, која, како што рече, требало да трае само два месеци, но постои од 1993 година до ден денес.

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има