Во Брисел претставени мерки и активности за подобрување на квалитетот на воздухот во Македонија

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, во рамки на престојот во Брисел, денеска оствари работна средба со претставници и експерти на Генералниот директорат на Европската комисија за животна средина.

На средбата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, заменик министерот Макрадули презентираше и детално ги објасни досега преземените мерки и активности во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, како и напредокот на Република Македонија во дефинирање на политиките и Акцискиот план на Интерсекторската работна група.

Експертите изразија голема поддршка и дадоа насоки за поефикасна имплементација на сите досегашни преземени активности и политики кои подразбираат целосна посветеност на решавањето на проблемот со загадувањето, како комплексен и системски предизвик кој бара заедничка акција на сите засегнати чинители и сектори.

Заменик министерот Макрадули, на состаноците на Поткомитетот учествува во својство на претседавач на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ).

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан