Во Богомила Саем на здрава храна

Од:

Под мотото „Поблиску до природата“, денеска во селото Богомила, во реонот познат како Азот, под планинскиот масив на Јакупица и Солунска глава, ќе се одржи 9. Саем за здрава храна.

На саемот чии организатори се Општина Чашка и ООУ „Патар Поп Арсов“ од село Богомила, изложувачи ќе бидат земјоделци од петнаесетина села од Општина Чашка. Тие ќе понудат еколошки произведени компири, мед, јаболка, ореви и други производи.

Саемот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма и дегустација на здрава храна и домашни специјалитети.

Саемот на здрава храна првпат се организира во 2007 година.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост