Во Богданци референдум за рудникот во Казандол

Од:

Граѓаните на општина Богданци на 11 јуни годинава на референдум ќе се изјасната дали се за или против работата на рудникот за бакар Казандол кај Валандово, одлучи синоќа едногласно општинскиот совет по иницијативата поднесена од граѓанското здружение „Спас за Богданци“.

Сите 11 членови на општинскиот Совет, по пет од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и еден од ВМРО-НП ја подржаа иницијативата од граѓанското здружение според која треба да се чуе и послуша гласот на народот околу работењето на рудникот за бакар во соседната општина.

Иницијативата во Богданци следи откако пред десетина дена граѓаните на општина Гевгелија на референдум со огромно мнозинство гласови се изјаснија против отворање на рудници за злато на планината Кожуф.

Би можело да ве интересира

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Во пожарот кај Богданци досега изгореа 500 хектари, гаснењето ќе продолжи и утре

Пожарот кај Богданци се уште активен, во гаснењето учествуваат два авиони „Ер трактор“

Пензионер од Богданци со своето возило оштети четири автомобили

Горан Наумовски