Во Богданци дводневна противпожарна обука

Од:

Во партнерство со Дирекцијата за заштита и спасување и Мировниот корпус во Македонија, општина Богданци реализира проект од областа на противпожарната заштита во чии рамки успешно беше спроведена и дводневна обука за универзалната единица за заштита и спасување од Богданци.

Во рамки на реализацијата на проектот кој инаку се состоел од четири активности, од Општината потенцираа дека било направено ажурирање на универзалната единица за заштита и спасување, набавена е противпожарна опрема, спроведена е споменатата дводневна обука и извршена е презентација за противпожарна заштита наменета за учениците во основното образование.

Буџетот за реализација на заедничкиот проект изнесуваше 3.265 долари. Партнерите изразија задоволство од успешната имплементација и најавија продолжување и проширување на заедничките активности.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он