Во Богданци 40 отсто излезеност до 13 часот

Од:

Во вториот пресек на изборниот ден во Богданци, Општинската изборна комисија излезе со податок дека во 13 часот бројот на гласачите што излегле да го остварат своето избирачко правво изнесува 2.807 или, во проценти, 40 отсто од евидентираниот електорат.

Тоа претставува приближно ист одѕив на граѓаните на Богданци со право на глас забележан во истиот период, по изминати шест часа од гласањето, како и во првиот изборен круг.

Претседателката на ОИК, Соња Маџирова, додаде дека во овој период членови на комисијата ја прават втората обиколка на сите 10 избирачки места во општината и констатираат дека состојбата е во рамките на прописите и се одвива регуларен изборен ден.

Сепак, од изборниот штаб на еден од кандидатите за градоначалник на општината информираат дека на едно избирачко место е забележано јавно гласање од претставник на другата политичка опција, а во друго изборно место, исто во Богданци, граѓанин дошол со однапред заокружено бројче за гласање и побарал помош од комисијата како да гласа.

Ваквите недоследности укажуваат на манипулации со избирачкото тело, велат од овој изборен штаб, за што ќе се произнесат подетално по завршувањето на гласачкиот процес.

Инаку, меѓу опонентите за градоначалничката функција во Богданци, разликата на едниот кандидат до победа во првиот изборен круг изнесуваше само 73 гласа, што е доволно за сомнежи за изборни манипулации, како што е порастот на избирачкиот список на граѓани со право на глас во вториот изборен круг за нови 11 лица и порастот на болните лица меѓу двата изборни круга за 45 лица.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226