Во близина на Штип фатени 17 мигранти

Од:

Во близина на Штип утринава откриени се 17 мигранти.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека мигрантите, кои нелегално се движеле во близина на Штип се фатени од страна на полициските службеници на Регионалниот центар-Исток и се однесени во прифатниот ценатар во Гевгелија.

Мигрантите утринава се забележани во неколку групи во близина на градските гробиша во Штип и во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Тоа не е случај на криумчарење на мигранти, односно не се движеле со помош на шверцери.

Во рок од осум дена ова е трет случај на фатени мигранти во близина на Штип. Во првиот случај се фатени 40 мигранти, кај штипското село Лакавица, вториот случај беше на 1 март во недела, кога полицијата и Регионалниот центар Исток во близина на штипската населба Три Чешми во камион фатија 78 мигранти, а двајцата шверцери беа лишени од слобода. Во рок од осум дена во близина на Штип се фатени вкупно 135 мигранти.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие