Во Битола промовирано второто издание на книгата „Речник на правни поими”

Од:

Книгата „Речник на правни поими” е второ дополнето издание на авторот Александар Георгиев Калица и овозможува доближување на правните поими до граѓаните, истакна промоторот Горан Илиќ, професор и декан на Правниот факултет при УКЛО-Битола.

Според Илиќ, значењето на оваа книга и потребата за нејзино издавање се во насока на доближување на овие поими до граѓаните за полесно разбирање и нивна употреба во секојдневниот говор и работа.

На промотивниот настан што се одржа во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола посебен акцент беше ставен и на терминолошкото изразување во медиумите при известување за тековни судски постапки, промени на закони и потребата на речник кај новинарите како алатка која ќе им биде од голема помош при правилна употреба и толкување на одредени правни поими.

Второто дополнето издание на речникот во 500 страници, содржи вкупно 3.500 правни поими, 590 популарни латински правни изреки и како новитет беше претставен третиот дел „Ознаки на судски уписници“, кој е составен од кратенки со кои се означуваат и евидентираат судските предмети, поделени по вид на суд и по вид на област.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов