Во Битола промовирани хрватски искуства за борба против вирусен хепатит

Од:

Министерството за здравство промовираше дел од научните достигнувања за превенција и понатамошен третман на пациенти заболени од вирусен хепатит.

На промотивниот настан во битолската Клиничка болница, заменик министерот во Министерството за здравство Гоце Чакаровски потврди дека во Министерството се работи на стратегија и регистер на лицата заболени од вирусен хепатит.

– Ќе вложуваме во превенцијата, едукација на населението и здравствените работници со цел да знаат како да се заштитат од оваа болест. Насекаде во светот превентивата е поевтина отколку последиците од оваа болест, односно карциномот на хепар кој може да предизвика сериозни здравствени влошувања кај пациентите. Во наредниот период, следејќи ги препораките на Светската здравствена организација ќе овозможиме во Република Македонија до 20130 година, целосно го исклучи хепатитот како болест на населението, посочи Чакаровски.

Промотивниот настан во Клиничката болница јавно го поддржа градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска и најави локална проактивност и поддршка на асоцијацијата „Хепар Центар“ чија мисија е посветена на превенцијата на населението од хепатит.

– Ќе организираме активности посветени на младата популација и нивна едукација која ќе се организира во основните и средните училишта. Ќе помогнеме и во граѓанскиот сектор за да ги превенираме сите потенцијални можности од заболување со хепатит. Синхронизацијата на локалната и националната власт ,и во соработка со граѓанскиот сектор е од големо значење за здравјето на луѓето, рече Петровска.

За најновите научни достигнувања и превенција на заболени од вирусен хепатит презентацијии приредија Татјана Реиќ, претседателка на европското друштво за превенција на болеста хепатит и Милан Мишковиќ од здружението „Хепар центар“-Битола.

Би можело да ве интересира

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие