Во Битола промовиран телефонски именик со Брајово писмо

Од:

Лајонс клуб-Битола денеска промовираше телфонски именик со Брајово писмо и целиот тираж го подари на Здружението на слепи лица од овој град.

Иницијаторот и реализаторот на овој хуман проект, Марјан Танушевски, информира дека телефонскиот именик со Брајово писмо овозможува поголема информираност на слепите лица, како и вклучување во јавни настани на заедницата.

– Слепите лица имаат потреба да бидат точно информирани, да бидат дел од заедницата, да бидат вклучени, да присуствуваат на музички концерти, но и да побараат брза интервенција и помош од некоја служба. Тоа и го има во телефонскиот именик бидејќи со Брајово писмо се напишани поважните телефонски броеви од установите од областа на културата во Битола, здравствените установи, сервисни служби, но и тоа што го сметавме за корисно, а тоа се телефонските броеви на сите медиуми. Со тоа слепите лица ќе може да споделат некоја сторија, проблем или приказна која може да биде медиумски обработувана, посочи Танушевски.

Владо Димитровски, претседател на Здружението на лица со оштетен вид и слепи лица од Битола, посочи дека проектот е прв од ваков вид во Македонија и е дел од континуираната поддршка на  Лајонс клубот-Битола до Здружението на слепи лица која ја добива по повод Меѓународниот ден на видот.

– За нас овој телефонски именик значи многу бидејќи ќе ги имаме на дофат и ќе можеме да комуницираме со сите значајни институции во градот, а Брајовото писмо е прозорец на слепите, тоа е нашето писмо за комуникација. Возбудени сме и среќни сме што добивме ваков телефонски именик и веќе го дистрибуиравме до сите наши членови истакна Димитровски.

На промотивниот настан беше присутен и гувернерот на Дистрикт 132 Македонија, Слободан Вукиќевиќ кој најави проширување на овој проект низ сите градови во државата, а по повод јубилеите 20 години лајонизам во Македонија и 100 години лајонизам во светот.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција