Во Битола одбележани 120 години од дипломирањето на Кемал Ататурк

Од:

Мустафа Кемал Ататурк токму во Битола го постави мостот на пријателството меѓу нашите две земји и тоа пријателство го градевме, го градиме и ќе продолжиме да го градиме, истакна заменик-началникот на Генералштабот на Република Северна Македонија, генерал-мајор Азим Нуредин, на денешната свеченост организирана по повод 120-годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Воената гимназија во Битола.

Генерал-мајорот Нуредин наведе дека Република Турција е наш стратешки партнер.

– Посебно ја истакнувам соработката во сферата на одбраната која е започната во 1994 година, кога нашиот старешински кадар се упати на школување на престижните турски воено образовни центри. Заедничкото учество во мисијата Одлучна поддршка во Авганистан е уште еден доказ за квалитетната меѓусебна соработка, нагласи генерал мајор Нуредин.

Во своето обраќање, турскиот бригаден генерал Алтан Ер посочи дека како географско подрачје, Северна Македонија има многу значајно место во турскиот културен животи од тука потекнуваат голем број на команданти и државници кои дадоа значаен придонес во основањето на Република Турција.

– Битола, како еден од најзначајните центри на Северна Македонија, а воедно и Воената гимназија во Битола, има значајно место во животот на Мустафа Кемал Ататурк, посебно во здобивањето нови мисли, нови погледи и нови хоризонти. Воената гимназија во Битола е значајна образовна институција која придонела во оформувањето на лидерските особености на Ататурк, посочи бригадниот генерал Ер.

На свеченоста во Битола пригодно обраќање одржа и заменик турскиот амбасадор Умит Љутфу Устурк.

Тој рече, посакуваме нашата братска Република Северна Македонија која ја поддржуваме од самата независност да го добие заслуженото место на меѓународната арена и да придонесе за регионалниот мир и стабилност.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола