А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Битола одбележана неделата на имунизација

by А1он27/04/2017 - 13:31123
Share0

Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје-Битола денеска ја одбележаа неделата на имунизација.

Добивај вести на вибер

– Центрите за јавно здравје се носители на превентивната здравствена заштита, а Центарот за јавно здравје-Битола, кој покрива околу 15 отсто од територијата на државата и се грижи за над 190.000 жители со своите активности многу се грижи за подобро здравје на населението, порача Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство.

Таа нагласи дека треба да се верува во здравствениот систем, во фармацевтите, имунолозите, педијатрите, епидемиолозите и додаде оти децата треба да се вакцинираат.

– Вакцините се безбедни и квалитетни. Состојките во вакцините не се штетни, а тоа го знаат и здравствените работници кои имаат обврска да го информираат секој заинтересиран родител за вакцината. Вакцините што во овој момент ги употребуваме во Република Македонија се од државите членки на Европската унија и тие се употребуваат за децата и во соодветните држави, потенцира Костовска. Таа ја поздрави одлуката на Центарот за јавно здравје-Битола да издаде монографија за активностите што ги вршеле или вршат од таа здравствена установа.

Во Битола беа одбележани и 100 години јавно здравство и повеќе од 20 години самостојна дејност на Центарот за јавно здравје во овој град.

Директорот на Центарот за јавно здравје-Битола Тони Коњановски истакна дека во Битола отсекогаш има висока здравствена култура, а потврда за тоа се податоците од реализираната сезонска вакцинација за заштита од грип.

– Ние сме еден од подобрите Центри за јавно здравје во Република Македонија со реализирани над 5.000 вакцини во секоја година, а и редовната вакцинација се реализира со над 90 отсто. Здравствената култура на битолчани е за почит и апелирам родителите да имаат верба во здравствените работници, посочи Коњановски.

На денешната свечност беше промовирана монографија посветена на јавното здравство и Центарот за јавно здравје, чиј автор е Александар Стерјевски. Тој открил дека во 1912 година во Битола била реализирана вакцинација на 9.500 лица заради големи сипаници, а во 1918 година била вршена масовна вакцинација за заштита од тифус и колера во тоа време.

bitola

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Горан Наумовски21/11/2025 - 21:38

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Горан Наумовски16/10/2025 - 16:07

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Горан Наумовски16/10/2025 - 15:10

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

Горан Наумовски15/10/2025 - 12:19

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски14/10/2025 - 21:2514/10/2025 - 21:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен