Во Битола одбележана годишнина од смртта на браќата Манаки

Од:

Општина Битола и здружението „Комуна на Власите – А‘рмните“ денеска ја одбележаа годишнината од смртта на браќата Манаки.

Според востановената традиција на 5. март секоја година на Влашките гробништа во Битола, локалната самоуправа и здружението „Комуна на Власите – А‘рмните“ одржуваат чествување, а годинава беа одбележани 64 години од смртта на Јанаки Манаки и 54 години од смртта на Милтон Манаки.

– Браќата Манаки со делото што го напоравиле се од исклучително значење за нашиот град. Денешниот ден е само поттик и за идните генерации дека животот треба да го живееме со волја и намера, зад себе да оставиме вредности, истакна градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

Годинава во Битола на пригоден начин ќе бидат одбележани 120 години од формирањето на фотографското ателје на браќата Манаки, потврди Стевче Хаџиантоновски, претставник на здружението „Комуна на Власите – Арм’ните“.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките