Во Битола одбележан Светскиот ден за борба против аутизам

Од:

Граѓански организации од Битола денеска го одбележаа Светскиот ден за подигнување на свеста и борба против аутизмот и поведоа иницијатива за отворање Центар за работа со деца со аутизам.

Светскиот ден на лицата со аутизам годинава се одржа на плоштадот „Магнолија“ каде беа поставени повеќе штандови на основните училишта, лајонс клубовите од Битола и други здруженија кои продаваа оригинални предмети, а собраните средства ги донираа до локалната организација за борба против аутизам.

– Знаеме колку е мачна оваа состојба или болест и токму затоа помагаме со рачно изработени производи од нашите мајки и баби, односно со средства кои ќе ги искористат лицата со аутизам. Порачувам Бог да им даде трпение на мајките. дечињата, родителите кои се соочуваат со оваа алармантна состојба и сакаме час поскоро да се реши, истакна Светлана Петковска, претседателка на организацијата на жени во Битола.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција