Во Битола одбележан Денот на сестринството

Од:

Фондацијата „Д-р Димитар Котевски“-Битола и Спомен-куќата „Мајка Тереза“-Скопје го одбележаа Денот на сестринството и ја доделија традиционалната награда „Најуспешна и најхумана медицинска сестра за 2016 година“.

Со одлука на Управниот одбор на Фондацијата „Д-р Димитар Котевски“, годинешен добитник на наградата е медицинската сестра Мерлинда Драла, вработена во битолската болница „Плодност“.

– Секоја година доделуваме награда за најуспешна, најдобра и најхумана медицинска сестра. Во 2016 година ова признание и го доделивме на медицинската сестра Мерлинда Драла, акушерка која повеќе од 20 години е посветена на акушерството и гинекологијата и со својата стручност, работливост и хуманост кон пациентите заслужи да ја добие наградата најуспешна и најхумана медицинска сестра, истакна претседателот на фондацијата Димитар Котевски.

Според Драла, признанието претставува мотив и поттик за понатамошна посветеност на работата која со задоволство ја врши.

– Признанието е многу вредно, скапоцено. Се гордеам со добиената награда, но најмногу од се од почитта што ми е укажана, посочи Драла.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните