Во Битола научна конференција за современите менаџерски предизвици

Од:

Над 120 автори од државава, Турција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија и Албанија учествуваа на  4. Меѓународна научна конференција за современите менаџерски предизвици и организациските науки, што се одржа викендов во Битола во организација на БАС Институтот за менаџмент.

Според професорот Цветко Смилевски, претседател на програмскиот одбор, годинешната научна конференција, фокусирана на организациската интеграција за поголема ефикасност овозможи поголема употреблива вредност на презентираните трудови.

– Организациската интеграција е процес кој помага постојните ресурси на било која организација да се искористат во многу повисок степен и во функција на организациската успешност и ефикасност. Темата беше актуелна, а презентираните трудови го доосветлуваа и комплетираа овој феномен. Со нагласувањето и практикување на организациската интегрираност почнувајќи од водството преку тимската работа и другите интеринституционални интеграции се овозможува без посебни вложувања, а со посоодветно менаџирање на човечките ресурси, да се обезбеди поголемо ефектуирање на тоа што е создадено, посочи Смилевски.

За време на академскиот собир во Битола, беше потпишан меморандум за соработка меѓу БАС Институт за менаџмент-Битола со Високата стручна школа за туризам од Белград, Србија и Европската висока школа за економија и менаџмент од Пловдив-Бугарија.

– Високата стручна школа за туризам од Белград е формирана во 1967 година како државна институција со најдолга традиција во образувањето на кадри за потребите на туристичкиот сектор. Школата образува кадри за извршување на стручни работни задачи и управувачки функции во организациите од туристичкиот сектор, додека пак Европската висока школа за економија и менаџмент е рангирана како една од најдобро специјализираните високи школи во Бугарија. Новата соработка ќе овозможи размена на акдемски кадар и студиски престој на македонските студенти во Србија и Бугарија, истакна пеофесорката Лидија Стефановска, директорка на БАС Институт за менаџмент-Битола.

Годинашни соорганизатори на меѓународната научна конференција беа БАС-Скопје,  Здружението на економисти и менаџери на Балканот од Белград и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.

Би можело да ве интересира

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола