Во Битола меѓународна научна конференција за „Образованието на крстопат“

Од:

Македонското научно друштво-Битола, меѓународниот ден на науката ќе го одбележи со Меѓународна научна конференција на тема „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“.

Според професорот Деан Илиев, претседател на програмскиот комитет, мотивите за одржување на конференцијата се поткрепени со претходни истражувања за состојбите во образованието во државата и регионот.

– Образованието е двигател на општеството и затоа се одлучивме да обработиме тема која ќе ни овозможи да се движиме по вистинскиот пат и да го развиваме нашето образование. Конференцијата на секој учесник ќе му кариерен развој бидејќи во програмскиот комитет учествуваат 32 експерти од 10 држави, односно од Швајцарија, Полска, Шпанија, Хрватска, Азербејџан, Србија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од Македонија, истакна Илиев.

Меѓународната научна конференција се организира во соработка со Педагошкиот факултет Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Учителскиот факултет во Белград при Белградскиот универзитет, Факултетот за образование на наставници при Универзитетот во Загреб, Педагошкиот факултет при Универзитетот во Марибор, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Високата школа за струковни студии за воспитувачи „Михаило Палов“ во Вршац при Белградскиот универзитет и Високошколско средиште Ново Место.

– Со конференцијата која ќе се одржи на 10 и 11 ноември, ќе се овозможи директен придонес за образовните процеси во државата и истовремено ќе продолжи етаблирањето на МНД-Битола во меѓународните научни кругови. Фактот што конференцијата е поддржана од МАНУ дополнително ја потврдува референтноста на овој настан, потврди претседателот на МНД-Битола, Марјан Танушевски на денешната прес конференција во овој град.

Би можело да ве интересира

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола