Во Битола конференција за интегриран пристап за спречување на насилство

Од:

Општина Битола во соработка со канцеларијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените и со поддршка на министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика, денеска одржа регионална конференција на тема „Јакнење на соработката меѓу општините во пелагонискиот регион за подобрување на превенцијата и заштитата на жените и девојчињата од насилство“.

Според заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој имаше воведно излагање на конференцијата, во Македонија постои координирана институционална поврзаност и дејствување за заштита на жртвите од семејно насилство.

– Системот на заштита има две компоненти, одноно правниот систем за заштита на жртви од семејно насилство, а втората компонента е системот кој ги обезбедува мерките за заштита. Граѓанскиот систем на заштита ги регулира привремените мерки на заштита на семејно насилство и основната цел на тие мерки е обезбедување сигурност и заштита на жртвите на семејно насилство, отстранување на непосредна и сериозна опасност по животот и физичкиот интегритет на жртвата, како и помош за надминување на последиците од доживеаното насилство, посочи Нухиу.

На регионалната конференција во Битола, заменик министерот во МВР Агим Нухиу истакна дека МВР е една од институциите со мандат за постапување при пријави за извршено семејно насилство, заштита на лица жртви на семејно насилство, сузбивање и поречување на насилството и други надлежности.

– Оперативните и емпириските податоци за извршено семејно насилство говорат дека често пати се случува семејството да се претвори во насилничка средина во која длабоко се повредуваат членовите на семејството и нивните човекови права и лични перспективи. Семејното насилство не е проблем кој ја погодува само жената туку тоа е проблем на целото семејство, на мажот, на децат, на повозрасните лица и на заедницата воопшто. Сепак, анализите покажуваат дека доминантната жртва во стистиката за семејно насилство во Република Македонија, е жената, нагласи Нухиу.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска на регионалната конференција истакна дека е потребен интегриран пристап за спречување на насилство и токму затоа на конференцијата учествуваа релевантни претставници од националните и локалните институции.

– Живееме во општество во кое мора да погледнеме со широко отворени очи. Квалитетот е тоа за што треба да се говори и да му се отвораат патеките. Имаме должност да говориме за добрите но и за лошите примери и да тежнееме кон повисоки вредности и нивоа, рече меѓудругото Петровска пред учесниците на конференцијата, најголем дел претставници на граѓанскиот сектор од пелагонискиот регион.

На конференцијата во Битола беше презентирана Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, а се говореше и за улогата на единиците на локалната самоуправа во превенцијата и заштитата од родово базираното насилство.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски