А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Битола асфалтирање на локалните улици

by А1он06/05/2014 - 15:13167
Share0

Општина Битола продолжи со асфалтирање на локалните улици, а градоначалникот Владимир Талески најави и забрзано завршување на кружните текови кај месноста „Црн Мост“ и „Веро“ во Нова Битола.

Добивај вести на вибер

Според Талески, интезивирањето на инфраструктурните активности и посебно асфалтирањето на улиците во Битола се овозможува со активирањето на асфалтните бази во овој период од годината.

– Активно и со подготвени проекти влегуваме во новата градежна сезона. Бројката што ја ветивме за изградба на 100 улици во овој мандат најверојатно ќе биде надмината. Денеска ја асфалтираме улицата „Св. Нектариј“, инвестиција вредна околу 9 милиони денари во која се вклучени и трошоците за подземните инсталации, тротоарите и другото уредување на улицата која сега има нов лик. Во оваа градежна сезона ќе асфалтираме 25 улици, рече Талески на денешната прес-конференција.

Тој потврди дека фирмите ангажирани на кружните текови во градот забрзано ги вршат своите активности и наскоро ќе биде асфалтиран кружниот тек во Нова Битола, а на улицата „Васко Карангелски“ ќе почне изградба на нов кружен тек. На кружниот тек кај месноста „Црн Мост“ ќе биде отворена уште една пристапна улица, а стариот мост ќе биде затворен за сообраќај и ќе го користат само пешаците.

bitola

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен