Во Битола 7 кандидати за градоначалник

Од:

Општинската изборна комисија-ОИК во Битола во законски утврдениот рок евидентира 7 кандидати за градоначалник и 8 листи за членови на Советот на општина Битола.

Во периодот определен за поднесување независна кандидатура за градоначалник потребните потписи со поддршка од група избирачи ги обезбедија Јорго Огненовски и Зоран Лазаревски-Паљо, кој воедно поднел и листа за членови на општинскиот Совет, информираат од ОИК-Битола.

Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е Владимир Талески, а од Народно движење за Македонија кандидат за градоначалник е предложен Љубомир Груевски.

Кандидатури за градоначалник до ОИК-Битола поднеле и Социјалдемократска партија на Македонија, Социјалдемократска Унија и Демократска партија на Албанците-ДПА.

Во Советот на општина Битола и во наредниот мандатен период ќе членуваат 31 советник, а за место во овој орган на локалната самоуправа конкурираат кандидатите од 8 листи за општински советници.

Од ОИК-Битола информираат дека во тек е процедурата на верификација на кандидатите за градоначалник и кандидатските листи за членови на општинскиот Совет.

На последните локални избори што се одржаа во 2009 година во Битола учествуваа 4 кандидати за градоначалник.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226