Во бездна без траги на насилство пронајден 48 годишен маж

Од:

Во бездна во атарот на селото Ѓузумелци, Општина Лозово вчера од семејството е пронајден 48 годишен маж. Беживотно тело е пронајдено во месноста „Бели Брег“. Повикана е Итната медицинска помош од Свети Николе, а лекарот констатирал дека на неговото тело нема траги на насилна смрт.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од страна на полицијата е извршен увид на местото на настанот.

Истиот ден во Полициската станица Свети Николе, 61 годишнен маж од Свети Николе пријавил дека на улицата „Плоштад Илинден“ во Свети Николе го пронашол починат 73 годишен маж од Свети Николе. Од страна на лекар било констатирано дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Свети Николе.

Во текот на вчерашниот ден нотиран е еден физички напад во Кочани и агресивно однесување кон полициски службеник во Кочани. Панајотова вели дека 44 годишниот маж од Кочани агресивно се однесувал кон полициски службеник. Лишен е од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва