Во Белград уапсени тројца македонски државјани кои се сомничат за тешки кражби

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград расветлија повеќе кривични дела „тешки кражби“ и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство јави дописникот на МИА од Белград.

Полицијата ги уапси Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он